Иако ниту Реал Мадрид, а ниту и самиот Герет Бејл не сакаат позајмица, сепак тоа е токму она што може да се случи до крајот на преодниот рок.
Бејл имаше сè договорено со еден тим од Кина, но тој трансфер го запре Перез, сметајќи дека тој вреди повеќе.
Не е тајна дека Зидан не гос ака Бејл во тимот,а изгледа дека во последните денови од преодниот рок да заврши во тимот на Баерн.
Реал Мадрид и Баерн имаат одлична врска, а Баерн сега сака да го донесе Герет Бејл на позајмица, и веќе подготвиле понуда.
Додека сите мислат дека ова ќе биде тешко, постои една околност што секако би можела да помогне во овој бизнис.
Станува збор за „Адидас“ кој го спонзорира и Бејл па и тимот на Баерн, и тие би можеле да ги замешаат своите прсти за да се случи овој трансфер.











