Баерн продолжува да покажува голем интерес за напаѓачот Хаким Зијех од Ајакс.
Зиeк се поврза со Баерн претходно ова лето по импресивната сезона во Ајакс и важи за една од замените за Арјен Робен и Френк Рибери.
Иако Баварците се најмногу фокусирани да го доведат Лерој Сане, тие исто така планираат да го купат Зиек, па затоа го обновија интересот за Мароканците.

Баерн е подготвен да плати најмалку 30 милиони евра за играчот кој минатата сезона постигна 21 гол на 49 натпревари и забележа дури 24 асистенции.
Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс изјави дека ќе го пушти играчот доколку дојде вистинска понуда, додека тренерот на клубот од Амстердам се надева на негово останување.
„Тој требаше да замине и минатото лето, па остане со нас. Кој знае, можеби овде ќе остане и следната сезона“.
Претходно, Зиек требаше да замине во Севилја, но на крајот тој одби тврдејќи дека Севилја не е повисоко ниво од Ајакс и дека нема смисла да замине во Андалузија. И Арсенал го посака овој играч, но Топџиите на крајот го доведоа Николас Пепе од Лил.
Хасан Салихамиџиќ ќе се обиде повторно да организира трансфер на Зиек, но се чини дека Сане е сеуште приоритет на германскиот шампион.









