Сапуницата на летото завршува: Сане во Баерн со најголем трансфер во историјата на Бундеслигата

0
173

France Football објави дека Сане за 110 милиони евра, ќе стане нов член на Баерн а тоа воедно представува и  рекорден трансфер во историјата на Бундеслигата.

Сапуницата на летото конечно ќе заврши. Гласините за преминот на Сане во германскиот шампион траеја со месеци, но се чини дека тоа заврши.

21-годишниот играч беше голема желба на Баерн, откако Робен и Рибери заминаа, а Сити очигледно реши да го ослободи на крајот.

Сити ќе заработи 110 милиони евра и играчот ќе биде најплатениот играч во историјата на Бундеслигата со бруто годишна плата од 18 милиони евра. На пример, вториот најплатен играч Роберт Левандовски заработува 16 милиони по сезона.

Играчот на Баерн, Лукас Хернандез, кој дојде од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра, го држи рекордот за отштета кога станува збор за трансферите во Бундеслигата.

Единствената работа што може да го спречи трансферот, а се верува дека нема , представува повредата на Сане во натпреварот на Community Shield против Ливерпул во неделата.