„Турксел“ го сруши светскиот рекорд на брзина на 5Г-мрежата

0
105

Водечкиот турски мобилен оператор објави дека постигнал најголема брзина на мобилниот интернет преку паметен телефон во светот преку 5Г-мрежата, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Турксел“ (Turkcell) го сруши светскиот рекорд, достигнувајќи брзина од 2.283 GBps во партнерство со „Ериксон телекомуникации“ (Ericsson telecommunications), се вели во денешното соопштение на Турксел.

Тестот за брзина беше спроведен на паметен телефон со 5Г-мрежа со алоцирачка фреквенција од 3.5 GHz со 1,000 MHz сигнал.

„Турксел“ работи на 5Г-технологијата веќе неколку години, во соработка со гигантите како „Хуавеи“ (Huawei), „Самсунг“ (Samsung) и „Ериксон“ (Ericsson).

Брзината од 2.283 Gbps овозможува спуштање на филм од два и пол часа за само 7 секунди, и албум со 12 песни за 0,2 секунди.

Турција од 2016 година користи 4,5 Г-технологија, позната и како LTE, која е десетпати побрза од 3Г-технологијата.

5Г-мрежата нуди поголема брзина и постабилна конекција од паметните телефони и другите уреди.