Иран: Запленет ирачки танкер, седуммина приведени

0
144

Иранските сили вчера во Персискиот Залив заплениле странски танкер за кој е утврдено дека е ирачки, соопшти Иранската револуционерна гарда, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се наведува дека ирачкиот танкер се обидел да прокриумчари 700.000 литри гориво во Заливот, и дека седум странски државјани се приведени.

Бродот е запленет кај островот Фарси, по што е префрлен во пристаништето Бушехр.

Иран минатиот месец заплени британски танкер во стратешки важниот Ормуски Мореуз, откако британската кралска морнарица задржа ирански танкер во близина на брегот на Гибралтар.