Претседателот на ОАЕ Неговото Височество Шеик Калифа бин Зајед Ал Нахјан по повод – Еид Ал Адха (курбан Бајрам) нареди ослободување на 669 затвореници – кои се на издржување на затворски казни.
Шеик Калифа, исто така, вети дека на ослободените затвореници ќе им помогне во решавањето на нивните финансиските обврски.
Гестот е дел од желбата на претседателот Калифа да им овозможи на затворениците можност да започнат нов живот и да ги ублажат тешкотиите на нивните семејства.
Извор:WAM / Rola Alghoul / MOHD AAMIR











