Авион на воздухопловните сили на Иран се сруши на југот од земјата, недалеку од Песисикиот Залив, а пилотите успеале да се спасат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранските медиуми јавија дека авионот, кој полетал од воздухопловната база „Бушехр“ за изведување лет за обука, поради технички дефект паднал на брегот на Тангестан.
Абдулхусеин Рафипур, официјален претставник на Тангестан, истакна дека двајцата пилоти го преживеале падот.
Не се објавени детали за моделот на авионот.










