Исмаел Бенасер, новиот играч на Милан

0
261

Алжирецот Исмаел Бенасер официјално е новиот играч на италијанскиот прволигаш Милан, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од клубот е соопштено дека е постигнат договор со Емполи за трансферот и дека со Бенасер (21) е потпишан петгодишен договор.

Италијанските медиуми наведуваат дека висината на трансферот изнесува 16 милиони евра.

Бенасер играше за францускиот Арле, а пред Емполи играше и во У-23 во Арсенал.

Тој со репрезентацијата на Алжир ја освои титулата на Африканскиот куп на нациите 2019, на кој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.