Денес во Истанбул е положен камен темелник на црквата „Свети Јефрем Сирин“, првата црква која ќе биде изградена во модерна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на положувањето на камен-темелниот на црквата, свое обраќање имаше претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган кој истакна: „Изградбата на црквата „Свети Јефрем Сирин“ го гледам како ново богатсво на Истанбул“.
Претседателот Ердоган рече дека Турција отсекогаш се грижела за угнетуваните народи и им го нудела своето гостопримство истакнувајќи „Нашите врати и срца секогаш биле во целост отворени за угнетените кои дојдоа на овие подрачјата од територии од Шпанија до Северна Африка“.
Тој потсети дека Турција е домаќин на голем број луѓе од различна расна и верска припадност, истакнувајќи „Во моментов во нашата земја како гости згриживме приближно 4 милиони лица, воглавно од Сирија и Ирак, меѓу кои има Арапи, Курди, Туркменци, а меѓу муслиманските браќа има и Асирци, Езиди и припадници на други верски групи.“
Турскиот претседател Ердоган зборувајќи за односот кон лицата кои бегајќи од угнетувањето бараат спас во Турција рече:
„Во нашите умови и срца немало и нема да има место за дискриминација“
Ердоган се осврна и кон заложбите на терористичките организации и надворешните сили кои ги поддржуваат е да направат раздор меѓу граѓаните на Турција. „Всушност целта на терористичките организации и силите кои ги користат како маша е нашата заедничка татковина. За нивните напори да бидат залудни, потребно е да увидиме дека различноста е едно од нашите најголеми богатства и сите 82 милиони да дејствуваме заедно како едно“










