Вооружен напад на фестивал за храна во Калифорнија: Тројца загинати, 12 повредени

0
93

Најмалку 3 лица загинаа, а 12 се повредени во вооружен напад на фестивал за храна во Калифорнија, САД, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите на американските медиуми, вооружениот напад се случил на Фестивалот за лук, што се одржува секоја година во градот Гилрој, во северна Калифорнија.

Властите истакнаа дека според првите информации, во нападот загинале најмалку 3 лица, а 12 лица се ранети.

Полицијата и амбулантните возила се испратени на местото на настанот, ранетите се пренесени во околните болници, а напаѓачот сè уште не е фатен.

Постои загриженост од можноста за зголемување на бројот на мртви и ранети.

Според очевидците на настанот, напаѓачот бил 30-годишен маж од бела раса, кој отворил оган со полуавтоматско оружје.

На снимките објавени во локалните медиуми се гледа како луѓето бегаат во паника по истрелите од огненото оружје.