Во Скопје денеска со свечена церемонија се отворија два турски ресторани „Burger King“ и „Usta Dönerci“, инвестиција на „TAB Food Investments“, јавува Anadolu Agency (АА).

На церемонијата за отворање на угостителските објекти присуствуваа членот на Управниот одбор и генерален директор на „TAB Food Investments“, Џанер Дикиџи, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, претставниците на турските институции во земјата и голем број поканети гости.

Дикиџи, во својот говор на свеченото отворање истакна дека како „TAB Food Investments“ во областа на брзата храна имаат 25-годишно искуство.

Изјавувајќи дека имаат многу драгоцено и сериозно искуство во оваа насока, Дикиџи истакна дека во рамките на „TAB Food Investments“ имаат неколку глобални брендови, како што се „Burger King“, „Sbarro“, „Popeyes“ и „Arby’s“ и три национални бренда, а тоа се „Usta Dönerci“, „Döner Stop“ и „Usta Pideci“.

Дикинџи изјави дека силниот екосистем е главната причина за успешното работење и брзиот раст во земјите со различна динамика и култура.

„Лебот, компирите и вклучувајќи го пред сè, месото што го нудиме во нашите угостителски објекти во Турција се произведуваат во нашите фабрики. Производите до нашите угостителски објекти се пренесуваат преку сопствена логистика. Ние покрај оперативната ефикасност, обезбедуваме економска доверба и нудиме значајни предности. Ова не е предност само за нашите ресторани, туку и за нашите ценети франшизи, кои веруваат во нас и инвестираат“.

Истакнувајќи дека како „TAB Food Investments“ на глобално ниво со бизнис-моделот и искуството имаат многу нови цели, Дикиџи рече дека отвориле повеќе од илјада ресторани на кинескиот пазар, каде што почнале да инвестираат од 2012 година.

Нагласи дека глобалниот бренд „Burger King“ покажува најдобри перформанси на кинескиот пазар, Дикиџи наведе: „Со искуството што го стекнавме од овие светски брендови, верувавме дека е време да создадеме сопствени брендови“.

Меѓу другото, Дикинџи додаде дека создале два свои сопствени бренда.

„Најдобар пример за тоа е ресторанот „Usta Dönerci“, концептот „Usta Dönerci“. Во иднина ресторан од сопствениот бренд „Usta Dönerci“, покрај во Северна Македонија планираме да отвориме и во други различни земји“, рече тој.

Дикиџи, посочувајќи дека глобалниот раст планираат да го продолжат во различни земји од светот, како што се Кина, Кипар, Грузија и Северна Македонија, истакна дека инвестициите во Северна Македонија заедно со денешните два угостителски објекти ќе ги зголемуваат секој изминат ден. Тој, исто така, истакна дека инвестициите во Северна Македонија се една од најмоќните алатки за стратегијата за раст.

– „TAB Food Investments“ е многу важна инвестиција меѓу турските инвестиции во Северна Македонија

Амбасадорката Кара, нагласувајќи ја важноста на пријателска и братска Северна Македонија за Турција, рече: „Ние со Северна Македонија имаме заедничко минато и поврзаност која ќе трае вечно, а исто така и добри односи“.

Амбасадорката Тулин Еркал Кара, истакна дека „TAB Food Investments“ е многу важна инвестиција меѓу турските инвестиции во Северна Македонија.

„Турските инвестиции во Северна Македонија имаат повеќе од 5 илјади вработени. Ако ова бројка се зголеми двојно ќе направат многу значајна работа на балканската географија“, рече Кара.

Истакнувајќи дека одвреме-навреме турските инвестиции во Северна Македонија се соочуваат со бирократски пречки, Кара наведе дека во сите разговори на високо ниво, од властите во земјата добиле уверување дека ќе бидат заштитени правата на турските инвеститори и дека ќе бидат решени неправдите.

– „TAB Food Investments“

„TAB Food Investments“ со глобалните брендови, како што се „Burger King“, „Sbarro“, „Popeyes“ и „Arby’s“ и трите национални бренда „Usta Dönerci“, „Döner Stop“ и „Usta Pideci“, во Турција имаат повеќе од 1.100 угостителски обејкти.

„TAB Food Investments“, кој управува со „Burger King“ во Кина има повеќе од илјада ресторани во таа земја.

По успешното работење со угостителските објекти „Burger King“ во Кина, во идните десет години исто во Кина планираат да отворат повеќе од 1.500 ресторани и од брендот „Popeyes“.

„TAB Food Investments“ во Турција и Кина има повеќе од 50.000 вработени и е еден од водечките брендови во светот во рестораните за брза храна.

„Burger King“, кој е еден од најзначајните брендови на компанијата, продолжува да расте со своите угостителски објекти во Турција, Кина, Кипар, Грузија и Северна Македонија.

„TAB Food Investments“ во Кина, како многу важен дел од својата стратегија за раст, почна да инвестира во 2012 година.