Атлетико Мадрид го победи Реал Мадрид со резултат 7 : 3 во пријателскиот натпревар одигран во рамките на турнирот „Меѓународен куп на шампиони 2019“, каде што учествуваат водечките светски фудбалски клубови, пренесува Anadolu Agency (AA).
На турнирот, кој оваа година се одржува по седми пат, на стадионот „Метлајф“ во градот Ист Радерфорд во САД се сретнаа шпанските екипи Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
Атлетико Мадрид под водството на Диего Симеоне, со трите гола на Диего Коста (еден од пенал) и со погодоците на новото засилување Жоао Феликс, и на Анхел Кореа, првото полувреме го заврши со резултат 5 : 0.
Екипата на Атлетико Мадрид и во второто полувреме продолжи со головите, Диего Коста го постигна својот 4. гол на натпреварот, а стрелец на седмиот гол за Атлетико беше Витоло. Средбата заврши 7 : 3 за Атлетико Мадрид.
Головите за екипата на Реал Мадрид ги постигнаа Начо Фернандез, Карим Бензема од пенал и Јави Хернандез.
Во 65. минута од натпреварот црвени картони добија Диего Коста од Атлетико Мадрид и Дани Карвахал од Реал Мадрид.









