Законот за Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, кој беше ратификуван во Големото народно собрание на Турција (ТБММ), стапи во сила откако е објавен во Службениот весник на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО во ТБММ беше ратификуван на 12 јули.
Земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за членство на Северна Македонија на 6 февруари оваа година.
Протоколот треба да се ратификува во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, со цел Северна Македонија официјално да стане полноправна членка на НАТО.










