Муслиман со потекло од Пакистан нов британски министер за финансии

0
130

Новиот британски премиер Борис Џонсон во средата официјално доби мандат од кралицата Елизабета Втора. за формирање на нова влада, а веќе се познати некои имиња на новите министри, објави Анадолу Агенцијата (АА).

Еден од нив е и 50-годишниот Саид Џавид, кој ќе ја извршува функцијата министер за финансии, додека во претходната влада на Тереза ​​Мај беше министер за внатрешни работи.

– Многу сум почестен што сум назначен за министер за финансии. Се радувам на соработка со тимот на Министерството за финансии на подготовка за излез од ЕУ, за обединување на нашата земја и за реализација на неверојатни можности во иднина -изјавил Џавид преку социјалните медиуми по назначувањето на министерот за финансии.

Џавид поттекнува од муслиманската мигрантска фамилија од Пакистан, пред оваа функција имаше многу важни позиции во неколку британски министерства, од економијата, медиумите до иновации и внатрешни работи.

Пред да влезе во политиката долго време работел во финансискиот центар City of London, во 2009 година, како член на Конзервативната партија, активно почнал да се занимава со политиката.

Извор:faktor