Нови напади на Израелската авијација врз Сирија

by Administrator

Сириската новинска агенција соопшти дека во раните утрински часови израелската авијација нападнала неколку цели во Сирија во регионите Дара и Кунитра.

 

https://twitter.com/BeornIL/status/1153807840986877952?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1153807840986877952&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.logicno.com%2Fpolitika%2Fnovi-napad-idf-a-na-siriju.html

 


Според првите извештаи, нападите се насочени кон складишта што ги користеле ирански милиции и Хезболах

Извештаите велат дека на бомбардирани места има мртви и повредени.

 

 


Претходно овој месец Сирија го обвини Израел за воздушни напади на нејзината територија. Според сириските медиуми, спроведен бил комбиниран напад со израелските борбени авиони и поморските бродови на воен цели во Дамаск и Хомс.

 

 


Тел Авив претходно признава дека во последните неколку години извршил “стотина” воздушни напади врз Сирија. Дамаск ги осуди овие напади како отворено кршење на меѓународното право, додека Иран соопшти дека неговото присуство е насочено против борбата против терористичките организации.

 


Во моментов нема информации за дејството на сириското ПВО.

You may also like