ЛГБТ активистка убена во Русија

0
142

Истакната ЛГБТ активистка  пронајдена била мртва со повеќе смртоносни удари и белези на давење во рускиот град Санкт Петербург. Телото на 41-годишната жена било пронајдено во грмушка во неделата во близина на нејзината куќа.

Роднини и пријатели подоцна објавија дека станува збор за Јелена Григориева, објави рускиот портал Фонтанка.

Григориева, која пријавила смртна закана, се борела за почитување на човековите права во Русија.

Во пост на Fejsbuku, објавен во понеделникот, активистот Динар Идрисов пишува дека Григориева “е брутално убиена во близина на својата куќа”.

“Во последно време таа беше жртва на насилство и смртни предупредувања за смрта”, напиша, нагласувајќи дека таа поднела неколку пријави за полицијата.

Полицијата не ја потврди заканата за смртта. Порталот Фонтанка објави дека е приведен осомничен поврзано со убиството.

Освен за борбата за ЛГБТ правата, Григориева се спротивстави и на руската анексија на Крим, лошото постапување со затвореници и бројни примери за кршење на човековите права.

Во јануари минатата година, рускиот опозициски активист Константин Синицын, 53 год, пронајден бил мртов во близина на домот во Санкт Петербург, после тешки телесни повреди.

Полицијата тврди дека бил нападнат заради грабеж.

Во август минатата година, повеќе десетина ЛГБТ активисти беа уапсени за време на забранетиот протест во Санкт Петербург, кој беше посветен на заштита на малцинствата.

Русија во 2013 година донесе закон за забрана за геј пропаганда и паради.