Иранската новинска агенција Тасним објави дека иранските војници минуваат низ специјални вежби. Имено, нивните цели ги носат фотографиите на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Фотографиите биле користени на специјалниот турнир за стрелање, во кој учествувале околу 100 војници. Фотографиите беа објавени на 20-ти јули.
Додека повеќето фотографии покажуваат како војниците минуваат низ стандардни вежби, како што се пукање од разни препреки на различни растојанија, како и пречки како што се оган и чад, неколку фотографии ги прикажуваат целите што ги користеле војниците. Имено, нивните цели биле изработени од хартија со ликови на Нетанјаху и Трамп, и биле прикажани како се изрешетани со дупки од куршуми.
Според агенцијата Тасним, целта на овој настан била “да се процени подготвеноста и вештината на учесниците во пукањето и да влезат на различни позиции на бојното поле”. 20 учесници дошле до финалето од натпреварот. Засега нема извештај кој победил.
Тензиите меѓу трите земји се сё поголеми и поинтензивни. Целосен воен конфликт можеше да се случи кон крајот на јуни, кога Трамп, наводно, се откажа од воздушните напади врз Иран, само на неколку минути пред почетокот. И Нетанјаху и Трамп веќе долго време го обвинуваат Иран за прекин на заедничкиот нуклеарен заеднички акционен план (JCPOA) од 2015 година. Тие овој договор го отцеија како грешла а Трамп ги исклучи САД од овој договор во мај 2018 година.
Иран ги негираше прекршувањата на условите од договорот, кој има за цел да ја спречи идната нуклеарна програма на Иран во замена за намалување на економските санкции. Меѓутоа, САД повторно ги воведоа овие санкции, а останатите потписници на JCPOA не успеваат да го исполнат ветувањето за одржување на трговските врски, Техеран почна да ги тестира границите на договорот во последниве недели, зголемувајќи ја количината на нуклеарен материјал што го обработуваше.










