Градоначалникот Мерко ги поддржува барањата на месното население на с.Лабуништа

0
125
Фото:facebook.Opstina Struga

Градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко согледувајќи ја новостанататa состојба во врска со каменолоите на територијата на с.Лабуништа, силно ги подржува барањата нa жителите на месното население за дислокација или стопирање на започнатите работи, и бара од владата на РСМ и надлежните министерства веднаш да извршат ревизија на постапката за издавање на концесиите на сите каменоломи на оваа територија .

Во потрага по решение на конфликтот, градоначалникот Мерко разговараше со министерот за економија на РСМ г. Крешник Бектеши, кој му вети дека многу наскоро проблемот ќе биде решен.

Општина Струга ќе ги искористи сите правни механизми и ќе биде во служба на месното население во секое време.

Градоначалникот г.Рамис Мерко повикува на воздржаност од сите страни се до решавање на проблемот , и истотака укажува дека секогаш ќе биде на страната на месното население се до решавање на овој проблем.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга