Со брза интервенција на противпожарната единица на град Струга, спречено е проширување, и ставен под контрла пожарот кон попладнево избувна во просториите (хангарот) на едриличарскиот клуб “Снегар“ кој е сместен на местото познато како “Машка плажа“.
Во локализирањето на пожарот учествувале две против пожарни коли кои според очевидците реагирале навремено истиот да не се прошири и на останатите објекти.
Група на граѓани успеале во текот на избувнувањето да извадат дел од опремата на овој едриличарски клуб.
Според фотографиите од местото (хангарот) причинета е голема материјална штета, а причините за избувнувањето дополнителни ќе бидат истражени од соодветни истражни органи.















Извор: Фото/Фејсбук: Dance Sekuloska











