Останува во Јунајтед: Де Геа станува најплатен голман на светот

0
228

Шпанецот Дејвид Де Геа (28) ќе потпише нов долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед, кој ќе го направи најплатениот голман во светот, објави Агенцијата Анадолу (АА).

Според Скај Спорт, Де Геа треба да заработи помеѓу 390.000 и 420.000 евра неделно во Јунајтед.

Сегашниот договор на шпанскиот голман истекува на крајот од сезоната, а преговорите со клубот од Олд Трафорд траеја повеќе од една година.

Де Геа дојде во Јунајтед од Атлетико Мадрид во 2011 година и беше прогласен за најдобар играч на “црвените ѓаволи”.