Британија и Германија ги суспендираа летовите за Каиро поради безбедносна закана

0
143

Сите летови на британската авиокомпанија Бритиш ервејс летови од лондонскиот аеродром Хитроу до Каиро се откажани до недела на 28 јули, поради зголемена загриженост за безбедноста.

-Ние постојано ги контролираме нашите безбедносни аранжмани на сите аеродроми ширум светот каде што сме присутни и ги прекинавме летовите во Каиро во траење од седум дена како мерка на претпазливост за да овозможиме понатамошна проценка, соопштија од авиокомпанијата.

-Постои зголемен ризик од тероризам за авиосообраќајот. Постојат дополнителни безбедносни мерки за летови кои заминуваат од Египет кон Велика Британија, соопшти британскотоМинистерство за надворешни работи.

Компанијата ја донесе оваа одлука вчера, а нејзиниот пример го следеше и германскиот авиопревозник Луфтханза, приземјувајќи ги од вчера вечер своите летови од Франкфурт и Минхен до Каиро.

Луфтханза исто така ги прекина летовите од своите две центри до Каиро во саботата, откажувајќи ги раните летови од главниот град на Египет до Германија.

-Одлуката ја донесовме како мерка на претпазливост, но по проценката на ситуацијата ќе се нормализира, соопшти портпаролот на Луфтханза.

Според информацијата на британскиот весник Индепендент, наводно според разузнавачки информации кои им биле дадени на европските влади се работи за одредена закана за летови од аеродромот и до Каиро. Летовите од Британија за Хургада засега се одвиваат нормално, пишува Гардијан.

Индепендент потсетува дека мерките на претпазливост можат да се поврзат со трагедијата во 2015 година, кога еден руски патнички авион се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Шарм ел Шеик во Египет. Се смета дека бомба поставена во авионот на аеродромот е причина за смртта на 224 лица. Кратко потоа, Министерството за надворешни работи воведе забрана за сите авиокомпании од Велика Британија што летаат од аеродромот, кој служи како најпосетувано одморалиште на Египет., која важи и денес, иако Британците и натаму патуваат за Шарм Ел Шеик користејќи ги Каиро или Истанбул како врска.

Извор:НоваТВ