Иранската револуционерна гарда соопшти дека “запленила” британски танкер за нафта во теснецот на Хормуз, објави иранскиот телевизиски канал Press TV.
Британскиот танкер Стена Имперо бил запленет од Револуционерната гарда во Хормусскиот теснец заради “кршење на меѓународниот поморски закон”, објави иранската телевизиска станица Press TV. Експерт за одбрана ја сподели сликата на Твитер, покажувајќи дека танкерот е запленет.
Британските власти бараат повеќе информации во врска со инцидентот кој вклучува еден британски танкер во Персискиот Залив, објави Ројтерс, цитирајќи го портпарол на Министерството за одбрана.
Според Северно поморската управа, која управува со танкерите, непознати бродови и хеликоптери му пристапиле на танкерот, додека го преминувал теснецот Хормуз. На танкерот имало 23 член екипаж, соопшти компанијата.
Според Ројтерс, Британскиот комитет за вонредни состојби одржал состанок за инцидентот во Персискиот Залив. Белата куќа верува дека запленувањето на британскиот танкер представува ескалација на насилството.
Стена Имперо беше запленет на само неколку часа по одлуката на Врховниот суд на Гибралтар за 30 дена да ја продолжи блокадата на иранскиот танкер кој беше запленет од страна на британските патролни бродови пред Гибралтар на 4 јули, по наредба на САД.
Според непроверените информации, изгледа дека не е само еден танкер, туку два. Другиот танкер се вика “МЕСДАР”, кој пред неколку часа тргнал кон Иран. Причината за запленувањето сè уште не е позната










