Температурата во Израел во средата достигна рекордно високо ниво и ја регистрираа највисоката измерена температура во таа земја, соопшти израелската метеоролошка агенција во четвртокот.
Температурите во Содома, во близина на Мртвото Море, скокнаа за речиси 50 степени Целзиусови во средата, пренесе израелскиот метеоролошки институт.
Во текот на денот, имало пожари на неколку локации во земјата. Неколку луѓе се здобиле со помали повреди а околу 200 куќи биле евакуирани.
Температурите во крајбрежните низини по должината на Медитеранот достигнаа високи 42 степени целзиусови. Влажноста, со околу 10 до 25 проценти во различни делови на земјата, беше невообичаено ниска во ова време од годината.
(Vijesti.ba / ФЕНА)











