Падна авион кај Зрењанин, загинал пилотот

0
136

Спортски авион се урна денес наутро во тек на акробација во близина на аеродромот Ечка, еден километар кон Лукиќ, Србија, а пилотот Владимир Булат (47) загина во несреќата.

Претходно, директорот на Центарот за истражување на сообраќајни несреќи Небојша Петровиќ изјавил дека авионот “zlin 526F” паднал во 8.30 во областа на аеродромот Ечка.

Булат, кој е претседател на Аероклуб Зрењанин, изведувал акробатски лет.

Авионот паднал ненадејно, а предниот дел се забил во земјата на длабочина од околу два метра.