Бразил: Затворена фабрика за производство на фалсификувани луксузни возила

0
128

РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Бразилската полиција затвори фабрика во која за пристапна цена биле произведувани фалсификувани луксузни возила, јавува Anadolu Agency (AA).

Бразилската полиција соопшти дека во државата Санта Катарина спровела рација во фабрика каде што се произведувале фалсификувани верзии на луксузни автомобили, како што се „ферари“ и „ламборџини“.

Во соопштението се наведува дека под обвинение за „прекршување на Законот за заштита на индустриски права“, приведени се татко и син, сопственици на фабриката.

Во продолжение се вели дека сопствениците на фабриката, преку социјалите мрежи ги продавале фалсификуваните возила по цена од 45.000 до 60.000 долари. При рацијата, во фабриката се запленети 8 делумно завршени возила и значки со логоа на луксузните возила.

Се дознава дека рацијата е спроведена по пријава од страна на италијанските производители на возила.

Најевтиниот модел на споменатите возила се продава за цена од 200.000 долари