Заедничкото производство на анти-ракетен одбранбен систем со Русија – представува цел на Анкара, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 15-ти јули, по повод одбележувањето на третата годишнина од воениот удар во Турција. Минатата недела Русија почна со снабдување на договорните системи на ПВО С-400 со Турција, а Вашингтон се закани дека ќе воведе санкции. Сепак, Анкара не направи никакви отстапки.

“Почнавме да ги добиваме нашите S-400. Некои зборуваа дека не можеме да ги добиеме, дека не можеме да ги разместиме. Тие велеа дека тоа би било погрешно. Ама, еве тие веќе започнаа да ги пренесуваат со авиони во Турција. Нашата следна цел е нивното заедничко производство со Русија “, изјави турскиот претседател Ердоган пред толпата луѓе.

“Никој нема да успее да го фрли овој народ на колена сè додека имаме институции кои и по цена на животот  работаат за доброто на турската демократија. Ги преземаме сите мерки на претпазливост, бидејќи предавството, како што беше на 15 јули, никогаш повеќе нема да се повтори “, изјави шефот на турската држава.

Извор:geopolitikanews