По цели шест месеци заврши конкурсот за избор на лекари во Општата болница во Струга, кој ги проби сите рокови. Агонијата е прекината денеска по голема неизвесност, работа со договор на дело, неплатени дежурства во време кога во цела држава, а посебно во Струга има недостиг од лекари. Новиот директор Муамед Асани за НОВА потврди дека денеска конечно донел одлука и денеска конкурсот е затворен.
„Денеска донесов одлука, избрани се по конкурс 10 лекари, 6 медицински сестри, двајца фармацевти и исто толку лаборанти со високо образование и по еден биохемичар и медицинско техничко лице“, изјави за НОВА Муамед Асани, директор на општата болница во Струга.
Тој потврди дека сите лекари до сега работеле со Договор на дело, исто како и четворицата лекари во дебарската болница кои работат за 15 000 денари со Договор на дело за што во јавноста се крена голема врева. За ова министерот Филипче најави дека ќе ги испитува документите на лекарката која реагираше на ваквата злоупотреба на младите лекари, но не кажа дали има сознанија што се случува и во дргите болници.
Извори за НОВА во болницата во Струга објаснуваат дека конкурсот се развлекол заради претседателските изборите, но изборите завршија уште во април. Наводно, по изборите се чекало на допис од Министерството за здравство по што требало да се испрати ранг листа од кандидатите, но таков допис не стигнал. Шестмесечната агонијата ја прекина новоназначениот директор, Асани.
Извор:НоваТВ











