Турција го ратификуваше нашиот пристапен Протокол за НАТО

0
142

Турција вечерва го ратификуваше протоколот за нашето членство во НАТО, а веста на Фејсбук ја објави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!“, напиша Шекеринска.

Пред четири дена, претседателот Стево Пендаровски беше во посета на Турција каде имаше средба со турскиот претседател Реџеп Ердоган кој го најави ратификувањето на пристапниот Протокол за членство во НАТО .

Извор:НоваТВ