Говорејќи на почетокот на неделниот состанок на владата, израелскиот тврдолинијашки лидер изјави дека најавата на Техеран е “многу опасна”. Тој го обвини Иран дека збогатува ураниум за “градење нуклеарно оружје”.
– Збогатување … е направено од една единствена причина: тоа е за производство на атомски бомби – изјави Нетанјаху, според изјавата објавена во негово име.
Тој ги повика лидерите на Франција, Велика Британија и Германија, кои го потпишаа нуклеарен договор со Иран во 2015 година, да преземат чекори против Иран.
Во необичното признавање на нападите на Израел во Сирија, Нетанјаху изјавил дека неговата земја “постојано работи против иранската агресија и не дозволува да се утврдат во Сирија”.
Изјавата се појави откако портпаролот на Иран во живо на државната телевизија објави дека Иран ќе почне да ја подига чистотата на својот збогатен ураниум надвор од границите на нуклеарниот договор во 2015 година.
Нетанјаху е жесток противник на нуклеарниот договор потпишан во 2015 година за спречување на иранската нуклеарна програма и ги поздрави санкциите на американскиот претседател Доналд Трамп, воведени на Иран, објави Ксинхуа.
(Vijesti.ba / ФЕНА)










