Во Турција запленети 18 грама калифорниум вреден 72 милиони долари

by Administrator

Полицијата во црноморскиот регион на Турција, во градот Болу, заплени 72 милиони долари вреден радиоактивен калифорниум, елемент кој се користи во нуклеарно оружје и реакторите, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Кабинетот на гувернерот во Болу е наведено дека полицискиот оддел за борба против криумчарење и организиран криминал спровел акција во чии рамки е следен еден автомобил.

Сомнителниот автомобил е запрен, а по детална претрага во него се пронајдени 18,01 грама калифорниум, радиоактивна супстанција која се користи за нуклеарно оружје и во атомски електрани.

Наведено е дека запленетиот калифорниум вреди околу 72 милиони долари, а запленетото количество на калифорниумот е проследено до Турската агенција за атомска енергија.

Во врска со заплената уапсени се најмалку пет лица, против кои е покрената истрага.

You may also like