Илјадници луѓе се евакуирани ова утро од кварт во Франкфурт, каде што се наоѓа седиштето на Европската централна банка (ЕЦБ), додека германските власти се подготвуваат да ја деактивираат бомбата од Втората светска војна тешка 500 килограми, објави АП.
Се наведува дека официјални лица од финансискиот главен град на Германија, од 16.500 луѓе побарале да ги напуштат своите домови во областа Остенд неколку часа пред почетокот на операцијата, а еден локален старечки дом е евакуиран во саботата.
Американската бомба беше пронајдена минатиот месец за време на градежните работи.
Во Германија, 70 години по завршувањето на Втората светска војна, најчесто се пронајдуваат неексплодирани бомби, заради што повремено, од превентивни причини се организираат големи евакуации.
(Vijesti.ba / ФЕНА)










