Телефонски разговор Ердоган – Путин

0
133

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Одделот за комуникација при турското Претседателство, Ердоган и Путин разговарале за кризата во Либија, билатералните односи и за регионални теми.

Ердоган рече дека со голема тага ја проследиле информацијата за несреќата на подморницата која се случи во Баренцовото Море, и упати сочувство до рускиот народ и до семејствата на жртвите.