Претседателот на Египет, Абдулфетах ел Сиси, истакна дека неговата земја го поддржува Халифа Хафтар во Либија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на египетското Претседателство, Сиси остварил телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Се вели дека во телефонскиот разговор е разговарано за регионални теми од заедничка важност, како и за настаните во Либија, Сирија и Судан.
Сиси истакнал дека Египет ја поддржува безбедноста, стабилноста и интегритетот на Либија, и дека неговата земја го поддржува Халифа Хафтар.
Трамп нагласил дека либиската криза претставува закана за безбедноста на целиот регион, и дека треба да се најде итно решение за моменталната состојба.
Двете страни се согласиле дека е потребно да се интензивираат заедничките напори во врска со Либија.










