Чавушоглу: „Во Советот на Европа по прв пат ќе ја одбележиме годишнината од геноцидот во Cребреница”

0
83

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека на 11 јули во Советот на Европа, по прв пат ќе биде одбележана годишнината од геноцидот во Сребреница, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу престојуваше во турскиот град Конја, каде говореше на конференција која ја организираше Управата за верски работи на Република Турција.

Турскиот министер во таа пригода говореше и за проблемот на антиисламизмот кој е сѐ повеќе присутен на глобален план и рече:

„Кога ќе ги погледнеме причините за антиисламизмот, можеме да видиме дека заговарачите на тоа немаат уверливи аргументи. Сметаме дека причина за сето тоа е популизам. За жал, денес сведочиме дека политичките партии, па и политичарите и медиумите, кои се хранат со популизмот, придонесуваат за ширење на непријателство кон исламот и мигрантите”, рече Чавушоглу.

Потсети и дека на 15 март, денот кога е извршен терористичкиот напад врз муслиманите во Нов Зеланд, во текот на извршување на петочната молитва (џума-намаз).

„Ние помеѓу нападот врз џамија во Нов Зеланд и нападот на црква во Шри Ланка, не гледаме никаква разлика. И двата се предавнички, терористички напади. За жал, светот денес тоа не го гледа на начин на кој ние гледаме. Ние отфрламе секаков облик на дискриминација, антиисламизам, антисемитизам, исто така и непријателство кон христијанството. Отфрламе, бидејќи нашата вера така налага и тоа го сметаме за човечко злосторство”, рече Чавушоглу.

Потсети дека во текот на две години ја извршувал должноста претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и дека главна задача му била да ги штити човековите права, демократијата, слободите и владеењето на правото.

„Во Советот на Европа, на овој 11 јули ќе ја одбележиме годишнината од геноцидот во Сребреница. Во Советот на Европа до сега се присетувавме на холокаустот и на други негативни настани во историјата. По прв пат во Советот на Европа ќе ја одбележиме годишнината од геноцидот во Сребреница и ние тоа го поддржуваме”, рече Чавушоглу.

Во геноцидот врз Бошњаците во Сребреница во 1995 година извршен од страна на војската на Република Српска, која доби помош од логистички формации на Србија, беа убиени најмалку 8.732 цивили.