Министерството за надворешни работи на Турција, по повод написот на Џемил Баик, еден од водачите на терористичката организација ПКК, објавен во весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), упати реакција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за се истакнува дека еден од водачите на ПКК, кој брутално уби десетици илјади невини луѓе и се наоѓа на листата на терористички организации во многу земји, вклучувајќи ги и САД, денеска, користејќи го „Вашингтон пост“, јавно вршеше терористичка пропаганда.
– „Неправењето разлика е од суштинско значење“
Во изјавата се вели дека со овој напис, најважната заложба на меѓународната заедница во борбата против тероризмот, принципот на „спречување промоција на тероризмот“ е сериозно прекршена:
„Во борбата против тероризмот, неправењето разлика меѓу терористичките организации е од суштинско значење. Овој пристап, кој е алатка за пропагандата на ПКК за тероризам и е во спротивност со чувствителноста која се покажува кон другите терористички организации како ДАЕШ, Ал Каеда, претставува нов и очаен пример на дволична практика во борбата против тероризмот.“










