Израелскиот министер за надворешни работи, Јизраел Кац, реагирајќи на изјавата на Иран дека го надмина лимитот на збогатениот ураниум, рече дека „грешките“ можат Техеран да го однесат во војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за радиото на израелската армија министерот Кац ја оцени одлуката на Иран да го надмине лимитот на збогатениот ураниум.
„Надминувањето на лимитот на збогатениот ураниум од страна на Иран е „предупредувачки сигнал“ за Европа“, рече Кац, и додаде: „Хранењето на тигарот Иран нема да помогне во решавањето на проблемот. Ако се поддржат политиките на САД кон Иран, вклучувајќи ги и санкциите, за кратко време ќе видиме дека тигарот бил само од хартија.“
„Израел, дури и да мора да дејствува сам, нема да дозволи Иран да има нуклеарно оружје“, нагласи Кац, додавајќи: „Грешките направени во сивиот регион, би можеле Иран да го одведат во црвената зона или во војна во која ќе добие тежок удар.“
Администрацијата на Техеран вчера изјави дека лимитот на збогатен ураниум го зголемиле над лимитот за резерви од 300 килограми утврден во Договорот за нуклеарната програма.
Според веста на иранската полудржавна новинска агенција „Фарс“, администрацијата на Техеран го зголемила нивото на збогатениот ураниум со концентрација од 3,67 отсто над 300 килограми.










