Случајот во кој Обединетите нации (ОН), без знаење на членките потпишале Акционен план со терористот на ПКК, Ферхат Абди Шахин, кој е командант на таканаречените СДГ кој ги контролира терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ, Турција го опиша како исклучително очаен потег во име на ОН, и го осуди, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се наведува дека остро го осудуваат тоа што Вирџинија Гамба, специјалната претставничка на ОН за деца и вооружени конфликти, се состанала и потпишала договор со терористот на ПКК, Ферхат Абди Шахин, во канцеларијата на ОН во Женева.
„Случајот во кој Гамба, без знаење на членките, во канцеларијата на ОН во Женева потпишала Акционен план со терористот на ПКК, Ферхат Абди Шахин, кој е таканаречен командат на СДГ под контрола на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ, е исклучително очаен потег во име на ОН, и остро го осудуваме тоа“, се истакнува во соопштението.
Се истакнува дека по овој случај, Турција веднаш ги презела потребните иницијативи во рамки на институциите на ОН.
„Необјасниво е ОН, кои треба да бидат во првите редови во борбата против тероризмот, да постигнат договор со една терористичка организација. Оваа состојба е отворено прекршување на резолуциите на ОН во врска со тероризмот, од страна на самите ОН“, се додава во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Се нагласува дека тоа што ОН потврдиле оти терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ извршила најтешки злосторства, меѓу кои и присилно регрутирање на деца, е важно бидејќи уште еднаш се откриваат работите кои ги извршила оваа терористичка организација.
Соопштението истакнува дека никако не е прифатливо ОН да соработуваат со вакви крволочни терористички организации за да го решат овој проблем.
Инаку, со официјална церемонија ОН потпишаа договор со терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го користи називот СДГ за ослободување на децата борци кои се наоѓаат во рамки на оваа терористичка организација.
„Со овој договор СДГ вети дека децата нема да ги користи како борци и дека ќе преземе мерки во оваа насока“, беше наведено во соопштението на ОН.
Според извештајот на ОН, во редовите на ЈПГ/ПКК во 2016 година имало 46 деца борци, додека оваа бројка во 2017 се зголемила за петпати, односно на 224 деца борци.











