Повеќедневните преговори за именување на челниците на најважните институции на Европската унија (ЕУ) завршени се во вторник, а за претседателка на Европската комисија именувана е Урсула вон дер Лаен, германската министерка за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешниот состанок на Европскиот совет одлучено е Лаен на таа позиција да го наследи Жан-Клод Јункер.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за претседател на Европскиот совет да го именуваат Шарл Мишел, премиерот на Белгија.
Исто така на позицијата Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика го именува Џозеф Борел, шпанскиот министер за надворешни работи, додека Кристин Лагард, директорката на Меѓународниот монетарен фонд е предложена за шеф на Европската централна банка.
Доналд Туск, досегашниот претседател на Европскиот совет, на Твитер напиша дека Европскиот совет ја предложил Лаен, која би била прва претседателка на Комисијата ако нејзиното именување го одобри и Европскиот парламент.
„Европскиот совет се согласи за идно раководство на институциите на ЕУ”, наведе Туск.
Кандидатот на Европската народна партија Манфрид Вебер соопшти на Твитер дека официјално се откажал од кандидатурата за новиот претседател на Европската комисија









