Турскиот министер Акар со остар одговор кон заканата на силите на Хафтар во Либија

0
122

ОСАКА (АА) – Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, остро реагираше во врска со заканите на портпаролот на силите на Калифа Хафтар против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Акар, во јапонскиот град Осака одговори на прашањето на новинарот на АА, во врска со изјавата на Ахмед Бузејд ал Мисмари, портпарол на силите на Калифа Хафтар, кој упати закана дека сите турски цели ќе ги сметаат за непријателски цели. Силите на Хафтар, по нападот извршен во овој град, ја загубија контролата врз градот Гаријан, јужно од либискиот главен град Триполи.

Турскиот министер нагласи дека Турција му придава значење на територијалниот интегритет и суверенитет на Либија, на спокојството на либискиот народ, како и на духот на националното помирување во Либија.

Акар потенцираше дека Обединетите нации (ОН) ќе продолжат да ги поддржуваат напорите во насока на решавање на несогласувањата меѓу Либијците, и со активности во насока на мирот и стабилноста врз основа на меѓународните права и договори.

„Ќе продолжи придонесот врз обезбедување мир и стабилност во регионот, но ќе биде многу тешка цената на непријателскиот став или нападите, и најостро и ефективно ќе се даде одговор против тоа. Треба да се знае дека имаме преземено мерки против секој вид заканувачки и непријателски акт насочен против нас“, додаде Акар.