Средба Ердоган-Трамп на Самитот Г-20 во Јапонија

0
121

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, разговараа за билатералните односи, трговската цел од 75 милијарди долари, регионалните прашања и особено за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ердоган, во текот на состанокот кој се одржа на маргините на Самитот Г-20, истакна дека Турција е решителна во исполнувањето на одредбите за национална безбедност“, соопштено е од канцеларијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател.

Претседателот на Турција изразил загриженост за постапките кои би можеле да наштетат на стратешкото пријателство помеѓу САД и Турција.

Во соопштението е наведено дека двајцата лидери разговарале за трговската цел од 75 милијарди долари и за идните чекори во реализација на поставената цел.

Трамп, според соопштението, изразил желба проблемот за купување на системот за одбрана да се реши без негативни последици врз билатералните односи.