Почесен докторат за претседателот Ердоган во Јапонија

0
143

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска за време на неговата посета во Јапонија за Самитот Г-20, на јапонскиот Женски универзитет „Мукогава“ му беше доделен почесен докторат, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган изјави дека добивањето на докторатот му претставува особена чест.

„Во Јапонија има 80 женски универзитети“, нагласи Ердоган и изјави дека ќе го земе предвид и ќе го примени ваквиот чекор и во Турција.

 

Тој додаде дека двете земји биле една до друга во добрите и во лошите денови, нагласувајќи дека политичарите и универзитетските професори треба да го остават тоа наследство и на идните генерации.

Турскиот претседател нагласи дека 2019 година е најавена како година на турската култура во Јапонија, додавајќи дека во текот на годината ќе бидат организирани голем број настани.

Mukogawa Üniversitesi Fahri Doktora tevcih töreni

Gepostet von Recep Tayyip Erdoğan am Donnerstag, 27. Juni 2019

Самитот на земјите членки на групата Г-20 ќе започне утре во пристанишниот град Осака.

Турскиот претседател Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган, во посетата на Јапонија се придружени од делегација која ја сочинуваат турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, шефот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.