Столтенберг се надева дека Северна Македонија ќе стане членка на НАТО до декември

0
127

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека би било добро доколку сите земји-членки на Алијансата го ратификуваат Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО до декември оваа година, кога е предвидено да се одржи самитот на лидерите, јавува Anadolu Agency (AA).

Говорејќи на прес-конференцијата во Брисел пред дводневниот состанок на министрите за одбрана, кој ќе започне утре, Столтенберг рече дека проширувањето на НАТО е успешна приказна која помогнала за демократијата, стабилноста и просперитетот во Европа.

Столтенберг беше прашан од новинарите дали Северна Македонија може да стане 30. земја членка на НАТО до декември месец оваа година.

„Проширувањето на НАТО е голема приказна за успех, која помогна во ширењто на демократијата, просперитетот и стабилноста низ Европа, а сега следната нова членка ќе биде Северна Македонија. Сите земји членки потпишаа пристапен протокол во февруари, после што започна процесот на ратификација на протоколот, кој се одвива многу брзо. Нормално, кога минатата година се приклучуваше Црна Гора, тој процес траеше околу една година. Не сум во можност, и не е до мене, туку до парламентите на земјите членки колку брзо ќе го ратификуваат пристапниот протокол. Би било прекрасно доколку сите завршат до декември кога имаме состанок на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, ако не, тогаш очекувам тоа да биде наскоро после тоа”, истакна генералниот секретар на НАТО.

Стонтеберг додаде дека Северна Македонија е на патот на биде полноправна членка.

„Таа ги исполнува НАТО стандардите, и сега можеме да се сложиме Северна Македонија да биде наша 30. членка, со оглед на фактот што големото прашање за името сега е решено, поради храброста на двајцата политички лидери, премиерот Ципрас и премиерот Заев, во Скопје и Атина”, изјави Столтенберг.

На состанокот што ќе започне утре во Брисел ќе присуствува и министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска.

Инаку, земјите-членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во оваа алијанса на 6-ти февруари оваа година.

За да стане полноправна земја-членка на НАТО, Протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на сите членки на Алијансата.

Повеќе од половина од земјите-членки на НАТО до сега го ратификуваа овој протокол. Првата земја што го ратификуваше протоколот беше Грција.

Патот за членство во Северна Македонија за членство во Алијансата беше отворен по решавање на прашањето за името со Грција во јуни минатата година, кога владите на двете земји го потпишааа Договорот за решавање на спорот за името (Преспански договор) според кој Република Македонија го смени своето име во Република Северна Македонија.