Русија против нови санкции врз Иран

0
141

Рускиот заменик министер за надворешни работи за Сергеј Рибаков направи проценка на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со новите санкции кои САД планираат да ги спроведат врз Иран.

На прес конференцијата во Москва, Рибаков рече дека САД наместо да воспостави дијалог со Иран постојано и се заканува со санкции на оваа земја.

Новите санкции на САД врз Иран уште повеќе ќе ја влоши состојбата. Тоа претставува одраз на свесно и целно позиционирање, рече Рибаков и додаде дека претстојниот состанок во врска со Сеопфатниот заеднички акционен  план кој се планира да се одржи на 28 јуни во Виена ќе помине во доста тешки услови.

Европските договорни страни со цел да се зајакне притисокот врз Иран за жал почнаа да играат заедно со САД, рече Рибаков.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно имаше најавено дека дополнителните санкции коишто планираат да ги спроведат, ќе започнат денес. Трамп меѓудругото рече дека САД е на страната да се постигне договор и дека во случај Иран да покаже волја за соработка, спремни се за откажување од  санкциите.