МНР на Турција ги критикуваше ставовите на САД во врска со водачот на ФЕТО

0
134

Министерството за надворешни работи на Турција упати критики на сметка на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со ставот на оваа земја за водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, а порачано е дека е лицемерно да се нарекува Ѓулен „невин верски службеник и муслимански проповедник“, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за надворешни работи на Турција реагираше на ставовите на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар во Турција во јули 2016 година.

„Да се нарече невин верски службеник оној кој во сојузничка земја се обидел да изрши удар на демократијата, не е ништо друго туку лицемерен пристап“, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи (МНР) на Турција.

Порачано е исто така дека ставот на САД дека Фетула Ѓулен е „муслимански проповедник и политичка фигура“ претставува пружање поддршка на предавничкиот обид за државен удар.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 луѓе, а околу 2.200 беа повредени.

ФЕТО води долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање на своите следбеници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.