Единствениот демократски избран претседател на Египет Мохамед Морис во понеделникот почина во судница во Каиро, и веќе следниот ден во раните утрински часови беше погребан. Египетските власти, не му дозволија на медиумите да пристапат кон неговиот гроб, освен на израелската телевизија КАН.
Морси рано утрината на 18.јуни беше погребан во близина на Каиро, а на неговото последно испраќање-џеназе присуствувале само семејството и адвокатите. Интересно е тоа што на медиумите не им било дозволено снимање на неговиот гроб, освен само на новинарот на израелската телевизија КАН Роија Каиса.
Морси е погребан на гробиштата во квартор Нас, на североистокот на Каиро, каде и порано биле погребувани следбениците на Муслиманските браќа и угледни луѓе. На споменатата локација биле превземени високи мерки на безбедност и забранет е пристап на медиумите, меѓутоа новинар на израелската телевизија КАН објавил јавување за телевизијата на еврејски јазик.
Каиса никој ниту не го попречувал додека практично се шетал низ гробиштата, а после тоа продолжил со снимање и на улиците на Каиро. Во своето јавување, го изјавил следното:
“Големата драма која настана со смртта на Морси во кафезот на судницата во Каиро, а потоа погребан во зората под високи мерки на безбедност, не се чувствува на улиците на Египет. Како ништо да не се случило“.
Понатаму тој наведил дека смртта на Морси не зазела значајно место во египетските медиуми, и дека за него во медиумите се зборува како за опасна личност. Каис, листајќи ја штампата во еден од рестораните во Каиро, истакнал:
“Воопшто нема збор за смртта на Морси“
Тој понатаму потврдува како граѓаните на Египет да не сакале да зборуваат за израелската телевизија. Тврди дека реакциите на смртта на Морси постојат само на социјалните мрежи, и дека со тој вид на коментари управува активист на Муслиманските браќа.
Првиот демократски избран претседател на Египет Мохамед Морси почина во судница на пучистите кои пред точно седум години го соборија од власт, а ќе остане запаметен по храброста која ја покажал во текот на притворот и судењето. Морси победи на првите демократски избори кои во Египет се оддржаа на 17.јуни 2012 година, а почина на седумгодишнина од тие избори.
Почина во понеделникот во судница во која му судеше пучистичка власт која често не му даваше збор и која го навредуваше. И покрај тоа, Морси во текот на целата постапка храбро ги бранеше своите ставови. Сидено му е по бројни обвиненија и изречени му се повеќе смртни и долгогодишни затворски казини, а некои од судењата сеуште беа во тек.










