Иран соопшти дека собори американско беспилотно летало во јужната провинција Хормозган.
Во соопштението кое беше објавено на веб страницата на Револуционерната гарда беше истакнато дека Воздушно-вселенските сили на војската на Револуционерна гарда на Иран соборија беспилотно летало од типот Глобал хавк на американските воздушни сили на брегот на градот Кухмубарек во провинцијата Хормозган која се простира на крајбрежјето на Оманскиот залив.











