Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека оние кои на Турција ѝ држат лекции за правдата и слободите, молчат на фактот што Морси го затекна смртта во пучистички суд, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оние кои нам ни држат лекции за правото, правдата и слободите, не проговоруваат на фактот што во пучистички суд умира претседател кој е избран со 52 отсто гласови на египетскиот народ. Ние на тоа нема да молчиме“, порача Ердоган.
Тој истакна дека Турција ќе ги искористи сите можности кое ги нуди меѓународното право за разјасување на случајот.
„Ќе се бориме за разјаснување на случајот користејќи ги до крај можностите кои произлегуваат од меѓународното право.“
„Како што не се согласивме да се заборави убиството на Кашоги, исто така, никогаш нема да дозволиме да се заборави драмата со Морси“, порача турскиот претседател.
Тој нагласи дека верува оти Обединетите нации (ОН) ќе ја стават на агендата сомнителната смрт на Морси, и ќе побараат одговорност од одговорните.










