Во Белгија уапсени двајца припадници на терористичката ПКК

0
175

Полициската агенција на Европската Унија, Европол, соопшти дека во Белгија се уапсени двајца осомничени припадници на ПКК, кои се обвинети за регрутирање и обука на терористите, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Белгиските судски органи во ефективна соработка со Евроџаст и Европол, ја имаа за цел терористичката група вклучена во регрутирање и обука на курдските терористички борци“, соопшти Европол.

„Двајца осомничени се уапсени од страна на белгиските власти и ќе бидат испратени на сослушување“, се вели во соопштението.

„Единицата за судска соработка на ЕУ, Евроџаст, го олесни издавањето и пренесувањето на неколку европски налози за истраги, кои брзо беа извршени во земјите членки на ЕУ, вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Франција, Германија и Швајцарија“, се додава во соопштението.

Полициската агенција на Европската Унија, Европол, со седиште во Хаг, Холандија, им помага на земјите членки на ЕУ во борбата против сериозните меѓународни злосторства и тероризмот.