Германија побара „време“ за преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија

0
116

Германија сѐ уште не даде зелено светло за процесот на преговори за членство на Северна Македонија и Албанија, кој Советот на ЕУ планираше да го започне денеска, јавува Anadolu Agency (AA).

Германскиот министер задолжен за Европската Унија (ЕУ), Мајкл Рот, во изјава за медиумите, во рамки на состанокот на Советот на ЕУ задолжен за општи работи организиран во Луксембург, говореше за отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија.

„На Парламентот треба да му дадеме време за ова прашање. Но се надевам дека во најкратко време ќе постигнеме позитивна евалуација“, рече Рот.

Европската комисија минатиот месец упати предлог до Советот на ЕУ за започнување на преговорите за членство на овие две земји.

„Неотворањето на преговорите ќе влијае врз мотивацијата на овие земји и ќе го наруши кредибилитетот на процесот за проширување“, истакна вчера Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ задолжена за надворешни работи и безбедносна политика.

За да се започне процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, потребно е одобрение на 28-те земји членки на ЕУ.

Покрај Германија, исто така и Франција, Холандија и Данска се меѓу земјите кои изразуваат колебање во врска со процесот за проширување на ЕУ.