Египетското Министерство за внатрешни работи прогласи алармантна ситуација во земјата,после смртта на Мохаммед Морси.
Министерството за внатрешни работи ангажирало иладници дополнителни сили за безбедност после веста за смртта на Морси.
Државната власт исто така во рамките на превземените мерки повикала офицери и полицајци кои биле на одмор.
Превземени се посебни мерки за внимателност во државните и приватните установи, џамии, цркви и хотели, а одобрен бил и планот “Ц“ со кој се овозможува покренување на операции против терористички структури.
Првиот демократски избран египетски претседател Мохаммед Морси почина денес во судница, Морси го загуби животот откако претходно останал без свест во судницата.
На Морси на ова судско рочиште му се судило за “шпионажа“. Се соочуваше со неколку овбиненија откако беше соборен и затворен по пат на воен удар во 2013 година.
На товар му се ставија шест кривични пријави, вклучувајќи бегство од затвор, убиство, шпионирање за Катар, шпионирање за Хамас и Хезболах, навредување на правосудството и учство во тероризам.
Извор:faktor.ba









